За францускиот предлог е потребен општествен консензус, а не е консултирана ниту МАНУ, вели Муцунски

На Македонија не ѝ треба политички консензус, ѝ треба општествен консензус по ова прашање и требаше со време да се консултираат врвни експерти од МАНУ, универзитетите, медиумите, невладин сектор, стопанските комори и да видиме сите заеднички како да изградиме стратегија", вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски. Според него, владата сака во рок од 48 часа да презентира фиктивна консултација, не знаеме дали ќе оди предлогот во парламентот, или ќе оди само како консултација. Владата не верува дека 61 пратеник за да се изгласа предлогот, рече Муцунски.

Во гостување на телевизија Сител, Муцунски вечерва рече дека доколку Владата имаше почит кон ставот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе прифатеше кога партијата понуди експертска помош во однос на стратегијата кон Бугарија.

„Бугарија постојано ќе се навраќа на вето и заради ваков тип на договор, ние ќе бидеме постојано заглавени во процесот на преговори и нема да разговараме за таа Европа во која што сакаме за веруваме за владеење на право, трговски друштва, туку ќе преговараме дека за прв пат во историјата самата ЕУ ги нарушува своите принципи, вметнува во преговарачка рамка билатерален спор и отвора можност и веројатност за национално понижување на македонскиот народ“, рече Муцунски.

Муцунски истакна дека мора да се реагира и да се заштити националното достоинство.

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе