Влада

За Франција заминаа 10 Авганистанци кои беа згрижени во Македонија

Група од 10 граѓани од Авганистан кои привремено беа згрижени во Македонија, замина синоќа за Франција преку Меѓународниот аеродром Скопје. Како што информира Владата, на овие лица прибежиште им обезбеди Франција додека чекаат да им се признае правото на азил, како дел од операцијата за помош на граѓани кои работеле за демократските институции и меѓународни организации во Авганистан, а се под закана на новиот талибански режим во земјата.

Во соопштението од Владата се потсетува дека земјава учествува во меѓународната хуманитарна мисија со тоа што до сега обезбеди привремен престој за 484 граѓани од Авганистан, мажи, жени и деца, членови на семејства на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти.

„За периодот на престој во земјава им се обезбедува сместување во објекти во Скопје, здравствена заштита и психосоцијална поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации“, наведува Владата во соопштението.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе