Вашингтон

За Ескобар северномакедонците се Европејци

Северномакедонците се Европејци, тие историски се Европејци, културолошки се Европејци и економски Северна Македонија е дел од Европа и е важен и ќе биде важен учесник во делот на транспортот, ИТ секторот, па се до енергетскиот сектор, изјави на денешниот брифинг за новинарите Габриел Ескобар, заменик-помошникот на државниот секретар на САД, задолжен за Европа и Евроазија. Тој на брифингот зборуваше за историската, културната и економската припадност на Македонците употребувајќи ја придавката „северномакедонци“.

„САД ќе ги поддржуваaт Северна Македонија и Албанија во нивните напори за реформи со цел процесот на евроинтеграција, што тие го започнаа, да се движи брзо. Северна Македонија е голем билатерален партнер и извонреден сојузник во НАТО. Нашата позиција од искуството со Северна Македонија е дека таа е одличен партнер, лојален пријател и силен поддржувач на трансатлантската заедница. Северна Македонија заслужено го почна движењето во нивниот процес кон Европа. Тие направија тешки реформи и продолжуваат да прават тешки реформи“, изјави тој.

Ескобар укажа дека за САД, прашањето за јазикот и културниот идентитет на Северна Македонија не е прашање, и ја повика земјата да продолжи со конструктивниот дијалог со соседите и да се движи што побргу во процесот за пристапување.

„САД остануваат силен партнер во охрабрување и поддршка на Северна Македонија во тој процес. И конечно, земјата сигурно ќе биде успешна во тој процес“, рече Ескобар.

На оваа употреба на продавката „северномакедонци“ реагираа од Левица: „Европски вредности се и шовинизмот, фашизмот, потчинувањето на помали нации и колонијализмот. За специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан - Ескобар, северномакедонците се Европејци (во духот на колонијалистичка Европа). За разлика од европските Германија, Франција, Холандија, Британија и Белгија - Македонија ниту една друга држава не окупирала, колонизирала, негирала и експлоатирала. Зато ние ќе застанеме на страната на неевропските Македонци“.

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе