Тркалезна маса

За ефикасност во работењето треба посебен закон за Уставниот суд, вели Маричиќ

Владеењето на правото и зајакнувањето на правната држава е врвен приоритет на Владата и Министерството за правда, а токму Уставниот суд е местото каде што се носеле многу важни одлуки за иднината на земјата и се одлучувало за уставноста на многу важни закони.

ги имаат сите услови за непречена и пред се квалитетна работа”, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната тркалезна маса насловена „Уставното судство во Република Северна Македонија”.

Според него, со години наназад има дискусијата околу материјалниот статус на судиите на Уставниот суд, кој е уреден со Законот за платите и другите надоместоци на пратениците во Парламентот и другите избрани и именувани лица во државата и доколку се земат предвид обемот и сложеноста на работите и задачите кои ги извршуваат уставните судии, може да заклучиме дека тоа ги става на повисока позиција од онаа на која што се наоѓаат судиите на редовните судови.

„Поаѓајќи од ова, а со оглед на високиот степен на одговорност, неспорно е да се каже дека материјалните права на Уставните судии треба да се доуредат со законски норми. За да може да се постигне повисок степен на ефикасност при работењето, потребно е да се овозможи потребната финансиска и административна независност за непречено функционирање на Уставниот суд”, рече тој.

Според него, во таа насока е и мислењето на Венецијанска комисија која е на став дека би било корисно да се донесе посебен закон за Уставниот суд, со кој би се уредиле прашањата што се однесуваат на статусот на уставните судии, основните услови за поведување на постапка пред Уставен суд и правно дејство од пресудите на Уставниот суд.

Тој додаде дека Министерството за правда се залага за унапредување на статусот на Уставниот суд и смета дека постои реална потреба од донесување на Закон за Уставен суд, каде детално ќе се уреди статусот, положбата, правата и обврските на судиите и нивниот материјален статус.

„Ако нема политичка волја за донесување на Закон за Уставниот суд, прашањето за платите, додатоците на плати и надоместоците може да се реши со донесување нов Закон за платите во правосудниот сектор кој ќе се однесува на платите на уставните судии, редовните судии, јавните обвинители, како и прашањето за статусот на службениците во Уставниот суд, редовните судови и обвинителства”, изјави Маричиќ. 

 

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе