Помалку решенија за изолација

За една недела инспекторите извршиле 2.608 надзори и контроли, затвориле пет угостителски објекти

Во периодот од 4 до 10 јануари седумте инспекциски служби извршиле вкупно 2.608 надзори и контроли по основ на почитување на здравствените протоколи и материјалните закони и затвориле пет угостителски објекти.

Притоа, како што соопштија од Владата, и натаму се намалува бројот на издадени решенија од страна на Државниот санитарен и здравствен нспекторат (ДЗСИ) за изолација на лица заболени од коронавирус и на лица кои биле во контакт со заболени лица.

Во последните седум дена Државниот пазарен инспекторат извршил 1.789 контроли и 156 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна и по основ на материјалите закони. Притоа, ДПИ  изрече 14 прекршочни пријави, 42 решенија за констатираните неправилности, како и 14 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, пет решенија се изречени за непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести. Решенијата се издадени на еден угостителски објект во Скопје, еден во Охрид и три објекта во Гостивар, поради непочитување на дозволеното работно време, при што објектите се затворени на лице место.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во периодот од 4 до 10 јануари, извршил 40 надзори и издал вкупно 3.900 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на корона вирусот и лица кои биле во контакт со заболени лица од ковид-19, што преставува намалување во однос на претходниот период.

Во истиот период Државниот инспекторат за труд извршил 412 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава, со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки на сите работни места. При спроведените контроли изречени се четири решенија и еден платен налог. Решенијата се издадени за непочитување на материјалните закони, односно во делот на прекршувања за исплата на плати и регреси за годишен одмор. Платниот налог е издаден за непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Инспекторатот за транспорт, пак, во истиот период изврши 22 надзори, при што за непочитување на материјалните закони изречени се три прекршочни пријави, едно решение и еден прекршочен платен налог. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести, минатата недела не се констатирани прекршувања, односно непочитување на протоколите за превоз на патници.

Агенцијата за лекови и медицински помагала (МАЛМЕД) во истиот период спровела девет надзори во аптеки и веледрогерии по основ почитување на мерките на Владата односно за формирани цени на заштитни средства од корона, при што не се констатирани неправилности.

Државниот инспекторат за животна средина, во текот на минатата недела изврши вкупно седум надзори, при што изречено е едно решение на правно лице за непочитување на Законот за води.

А Агенцијата за храна и ветеринарство извршила 173 надзори, при што се издадени три решенија и се спроведени 15 едукации.

Од Владата најавуваат дека инспекциските служби и во следниот период продолжуваат со интензивни контроли на терен во целата држава со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се заштити здравјето на граѓаните.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе