Шекеринска со Комисиите на СДСМ

За две години исполнети се клучните столбови и мерки од програмата

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска одржа работен состанок со претседателите на Комисиите во партијата на кој што било заклучено дека за две години од преземањето на мандатот клучните столбови и мерки од програмата на СДСМ се реализирани.

„Иднината и стабилноста на земјата се обезбедени, на вистинскиот пат сме, кон ЕУ и НАТО, економијата е силна и создава шанса за сите, се повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните, се гради на секој чекор, низ цела држава.

Концептот парите кај граѓаните дава одличен резултат. Порасна минималната плата, работиме на ново покачување, го вреднуваме трудот на работниците со нови мерки за стимулирање на раст на платите.  

Со мерката за поврат на ДДВ 50 милиони евра годишно се враќаат кај граѓаните. Социјалната помош ја покачивме за 300%, за земјоделците обезбедвме зелена нафта поефтина за 30%, ДДВ-то за парно се намали од 18% на 5%, ја вративме ефтината тарифа на струјата”, соопшти СДСМ по состанокот.

Според партијата, со низа мерки парите ги насочуваат кај граѓаните, за семејствата да имаат поголем буџет.

Со ребалансот на Буџетот кој утре влегува во собраниска процедура се воведуваат нови мерки и се обезбедуваат повеќе средства за раст на платите, како што е мерката за  субвенционирање на трошоците за социјално осигурување за фирмите кои ќе ги зголемат платите на своите работници, до 6.000 денари.

Меѓу другите постигнувања, на состанокот било заклучено дека се укинати квотите за лекови, обезбедени се доволно лекови за сите во секое време, дигитални услуги, бесплатни обуки за преквалификација на работната сила, а судството, пак, е  ослободено од партиски притисоци, правда и одговорност за секого.

 

 

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе