Реакција

За ДУИ коалицијата меѓу СДСМ и Беса само ќе ги „дефакторизира албанските гласови“

Вчерашното потпишување на првата предизборна коалиција меѓу македонска и албанска партија, СДСМ и Беса, не помина без реакција од ДУИ, сѐ уште актуелен коалициски партнер на социјалдемократите. Вицепремиерот Бујар Османи порача дека соработката меѓу двете партии „ги дефакторизира албанските гласови“, но и улогата на Охридскиот договор и бадентеровиот принцип.

„Овој „сојуз“ познат помеѓу нив или ова топење на Беса во СДСМ е на штета на албанските интереси, бидејќи се дефакторизира важноста на албанските гласови. Разочарани сме заради фактот што помалите албански партии не постигнаа нивна унификација заради мали лични и групни интереси и нивните одлуки уште повеќе ги дефакторизираат албанските интереси", изјави Османи по вчерашното официјализирање на предизборната коалиција меѓу СДСМ и Беса.

И за Арбер Адеми од ДУИ ова е разочарувачки потег. „Наместо да го честитаме најголемото спојување на помалите албански партии, ние за жал ја констатираме повторно дефакторизацијата на албанските гласови од истите партии. Изразувам жалење за потфрлувањето за обединување на помалите албански партии. Овој чекор може да се смета како чекор кој се коси со интересите на Албанците и претставува разочарувачки обид за преживување на политичката сцена“, изјави Адеми.

Лидерите на СДСМ и Беса, Зоран Заев и Биљал Касами вчера изјавија дека оваа коалиција е „историска, победничка и ќе биде најразноликата досега“.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави дека „секој кој размислува како нас е добредојден“. ДУИ помогна да се „урне режимот“, рече Заев, но призна дека двете партии имале и „проблеми“ во коалициската соработка.

На веста за коалицијата меѓу СДСМ и БЕСА реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. За нив ова е само обид за „продолжување на криминалното владеење.“ Од ВМРО-ДПМНЕ потсетија дека Беса заговараше федерализација на земјата.

„Единствени што може да имаат штета од коалицијата на СДСМ и Беса се токму ДУИ, а не Албанците. Со ваквата реакција тие покажуваат само колку се исплашени од нашата коалиција. Најголема штета за Албанците во земјава и севкупно за сите граѓани, заедно со ВМРО-ДПМНЕ, се токму ДУИ“, изјави потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири.

 

 

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе