„Еурактив“

За Димитров нон-пејперот е „опасен“: Да се фокусираме на големи европски демократии, а не на поголеми држави

Иако од Брисел недостасуваше поцврст став против контроверзниот документ со кој се предлага промена на границите на Западен Балкан, регионалните и меѓународните актери цврсто ги отфрлија идеите од фантомскиот нон-пејпер, пишува денеска бриселскиот портал „Еурактив“.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша негира дека го напишал документот, а од кабинетот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ниту негираат дека го добиле документот, ниту, пак, даваат каков било коментар.

Споредпорталот, македонскиот вицепремиер за европски прашања, Никола Димитров, го нарече предлог концептот за големи држави во етничките граници „опасен“, со оглед дека Македонија ќе биде погодена од предложените промени на границата,

„Единствениот соодветен стратешки одговор на овие дебати ќе биде зајакнување и видлив напредок во европската интеграција на регионот. Треба да се фокусираме не на создавање поголеми држави, туку на создавање големи европски демократии и големи економии во регионот. Перцепираното бледнеење на европската перспектива на Балканот во последните години може да има навистина врска со повторното раѓање на оваа контроверзна визија“, вели Димитров.

Инаку, ова не е прв пат да се предлагаат територијални промени како решенија за политичките проблеми на Балканот. За идејата која се појавува на секои неколку години, наводно во 2018 година дискутирале српскиот претседател Александар Вучиќ и тогашниот претседател на Косово, Хашим Тачи, кој е обвинет за воени злосторства. Европската комисија привремено го поддржа планот, но тој потоа беше отфрлен по жестокото противење од Берлин.

Марко Прелец, поранешен директор на Проектот за Балканот во Меѓународната кризна група и професор на Централниот европски универзитет, вели дека „нон-пејперот е таков што, кој и да го погледне, ќе види што сака да види“.

„Реакциите кажуваат повеќе за луѓето што реагираат отколку за самиот наводен нон-пејпер“, изјави Прелец, изразувајќи сомнежи за потеклото на документот.

Тој додава дека документот како датум на воздушна кампања на НАТО поттикната од етничко чистење за време на војната во Косово ја наведува 2001 година, наместо 1999 година и порачува дека  би било корисно доколку ЕУ заземе поцврст став кон нон-пејперот.

„Добронамерната интерпретација е дека Брисел и некои земји-членки не се сигурни дали е попаметно едноставно да се обидат да го негираат неговиот кредибилитет со тоа што нема да го коментираат или да излезат и да го осудат. Мислам дека во овој момент е веројатно најдобро да се осуди , вели тој.

Прелец додаде дека документот треба да се гледа во контекст на нарушениот процес на проширување, кој изгуби интензитет по влегувањето на Хрватска во ЕУ во 2013 година.

„Луѓето зборуваат за проширувањето како во суштина завршено, став којшто беше апсолутно еретичкои пред само неколку години… Тоа беше незамислива работа, што сега е замислива и, за некои, веројатна“, вели тој.

За Енѓелуше Морина од Европски совет за надворешни односи репутацијата на ЕУ во регионот веќе подолго време е на најниско ниво. Во изјава за „Еурактив“ таа вели дека нон-пејперот е „сигнал за ЕУ дека треба да најдат основа за обединување на нивниот став кон Западен Балкан, бидејќи некои од земјите на ЕУ имаат различни мислења, различни идеи“.

Еурактив дознава дека прашањето за нон-пејперот не е на дневен ред на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ со нивните колеги од Западен Балкан во мај, но може да биде покренат од учесниците. Министрите за надворешни работи на ЕУ требаше да одржат дебата со и за Западен Балкан за време на нивниот состанок во април. На прашањето зошто е одложена дебатата за Западен Балкан, висок претставник на ЕУ минатата недела изјавил дека ваква дебата ќе треба да се одржи како директна средба, наместо со видео врска, бидејќи за темата треба да се води „многу искрена и отворена дискусија“ меѓу министрите за надворешни работи, со придонес од специјалниот претставник Мирослав Лајчак, земјите-членки и регионалните лидери.

Португалското претседателство има сепак намера одлуките за проширувањето да бидат донесени до јуни. Целта ќе биде да се примени новата методологија на Црна Гора и Србија и да се усвојат генералните позиции за преговори со СМакедонија и Албанија, па дури и да се одржат првите меѓувладини конференции со овие земји, доколку е можно.

Европски дипломат од Брисел за порталот изјавил дека е неопходна одредена акција затоа што „секогаш кога ЕУ не е доволно присутна и видлива, регионалната динамика брзо се менува, опасните наративи се формираат и трети актери влегуваат“.

„Заеднички работиме со САД повеќе од кога било и кон истата стратешка цел, а тоа е да го прицврстиме Западен Балкан кон ЕУ. Нема план Б, и не треба да има каков било. Нивната иднина лежи во ЕУ“, изјавил дипломатот.

 

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе