За Димитров изјавата на Закаријаш е прилично несреќна и не е официјален став на Португалија

Изјавата на португалската државна секретарка за европски прашања, Ана Паула Закаријаш е поприлично несреќна, а од Лисабон добивме уверување дека таа не го отсликува официјалниот став, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

 

„И јас и МНР и министерот за надворешни работи во текот на вчерашниот ден имавме многу контакти со Лисабон и португалското претседателство. Укажавме на оваа крајна несоодветност, која беше наведена и во владиниот став и добивме уверување дека изјавата апсолутно не го отсликува ставот на Лисабон, кој останува на линија на португалскиот предлог. Притоа беше изразено жалење во оваа смисла“, рече Димитров на прес-конференцијата во Владата, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој уште потсети дека прашањето за македонскиот јазик е клучно и дека никој нема мандат да помисли и преговара за него. Според Димитров, португалскиот предлог предвидува македонски јазик за ЕУ со унилатерална изјава на Бугарија за нивниот став за јазикот.

„Нејзината изјава и по суштина и по методологија е целосно спротивна на португалскиот предлог за изнаоѓање решение. Изјавата никако не помага во процесот на градење доверба и заедничко разбирање. Контекстот и моментот се крајно сензитивни и ги повикуваме претставниците на земјите вклучени во процесот да се воздржат од какви било квалификации и објаснувања на процесот“, рече Димитров.

Тој објасни и дека во предлог-преговарачката рамка во еден параграф се вели дека целото европско законодавство ќе биде преведено на македонски јазик и дека земјата ќе треба да има доволно преведувачи во моментот на зачленувањето, а досега, според него, имаме преведено околу 80 илјади страници од европското законодавство.

„Прашањето на македонскиот јазик е за нас клучно прашање. Немаме мандат за тоа да преговараме, во Европа ќе влеземе само како Македонци кои зборувaат македонски јазик и го задржуваме правото тоа достоинствено да го браниме. За мене ова беше прилично несреќна изјава. Предлог преговарачката рамка што ја предложи Европската комисија предвидува да остане македонскиот јазик таков каков што е, ‘македонски јазик’ и предвидува унилатерална изјава на Бугарија во однос на нивната позиција. Пристапот на португалскиот предлог е македонски јазик за ЕУ со унилатерална изјава на Бугарија за нивниот став за јазикот“, рече Димитров.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе