Основен суд Скопје 1

„За да им ги скрати маките“, СЈО му ги донесе доказите на Кочан во судница

Специјалниот обвинител Артан Ајро во актовка им ги донесе во судница доказите на одбраната на обвинетите за случајот „Труст", за, како што рече да им ги скрати маките и времето.

Станува збор за докази кои се приложени со обвинителниот акт.

„Укажувам дека во фаза на истрага им беа доставени сите докази, а доказите со обвинението ги побара само адвокатката Сања Алексиќ и Јован Јоанидис. За да им ги скратам маките и времето на тие кои не ги подигнаа, денес ги носам со мене. Сите докази се по редослед и во електронска форма", рече пред судот обвинителот на СЈО, Ајро.

Одбраната бара од судот да закаже посебно рочиште на кое ќе можат да ги оспорат доказите, бидејќи според одбраната голем дел од доказите не докажувале ништо и не биле поврзани со обвинението.

Во доказите не е ЦД-то со прислушуваните разговори, туку само исказите на сведоци, вештачења и други материјални и вербални докази.

Рочиштето е во тек.

K.Д.

Храбрите лидери можат да успеат со порака за надеж, отвореност и инклузивност и со промовирање на визија за напредок заснована на веродостојни реформи.

повеќе

Кога панаѓурот ќе помине, и кога наредното утро ќе се погледнете во огледало – сите работи што ве прават незадоволни од самите себеси и понатаму ќе бидат видливи: и изгледот, и навиките, и карактерот... Само идентитетот ќе ви го нема.

повеќе

Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција, доколку биде ратификуван, ќе влезе во аналите на историјата на дипломатијата.

повеќе