За Бугарија македонскиот предлог не е прифатлив, најавува контра предлог за решавање на спорот

За време на средбата во февруари Бугарија ја информира Република Северна Македонија дека предлозите за постигнување договор не се прифатливи и дека разговорите продолжуваат, изјавиле од бугарското Министерство за надворешни работи по тврдењето на министерот Бујар Османи дека има документ кој што е одобрен од македонска страна и дека се чека одговор од властите во Софија.

„Меѓу министерствата за надворешни работи на Бугарија и на РС Македонија се води активен дијалог со цел изнаоѓање решение за отворените политички прашања. Последната експертска средба на тимовите на министерствата за надворешни работи се одржа на 11 февруари и на неа беа разгледани последните предлози од РС Македонија, испратени официјално во декември 2021 година како одговор на предлозите од бугарска страна, изнесени на третата средба на експертите во септември 2021 во Скопје. За време на средбата во февруари бугарската страна ги информира македонските претставници дека нивните предлози не се прифатливи и дека разговорите треба да продолжат“, изјавиле од бугарските МНР за БГНЕС.

Според МНР, кога ќе има изгледи за постигнување суштински напредок, бугарската страна ќе испрати свој контра предлог со цел приближување на позициите.

 

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе