За Борисов несогласувањата околу Македонија меѓу Петков и Генчовска се доволни за оставка на владата

Партијата ГЕРБ нема да поддржи ниту една одлука или политика на владата на Кирил Петков, изјави лидерот на партијата и поранешен премиер на Бугарија Бојко Борисов.

Според Борисов, основа за оставка на владата се разликите меѓу премиерот Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска на тема Македонија.

„Скандалозни се вчерашните изјави на министерката за надворешни работи. Ова во која било друга ситуација предизвикува пад на владата. Секаде во светот. Двојна скриена надворешна политика“, рече Борисов, пренесе БНР.

Министерката Генчовска вчера изјави дека има сериозни разлики со надворешнополитичкиот тим на премиерот за прашањето кога Бугарија може да го укина ветото за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Премиерот Кирил Петков за тоа што го кажа Генчовска рече дека секоја одлука за ова прашање ќе ја донесе Народното собрание.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе