Будимпешта

За азилот на Груевски помогнаа оценките на ЕУ за македонското судство и за условите во затворите

На вчерашната расправа во Парламентот на Унгарија за Никола Груевски, кој бараше азил во оваа држава, претставници на унгарската Влада рекоа дека постапката за азил се води и врз основа на оценките на ЕУ за судството во Македонија и за условите по македонските затвори.

Вчера и денеска унгарските медиуми се преполни со наслови поврзани со Груевски. Повеќе медиуми денеска јавија дека Канцеларијата за имиграција и азил во Унгарија веќе одлучила за барањето азил на поранешниот македонски премиер. Дел од медиумите јавија дека одлуката била позитивна.

Вчера Груевски беше тема на дискусија и на парламентарната седница наменета од пратенички прашања на опозицијата. За време на расправата на фасадата на унгарскиот парламент беше обесен огромен постер со сликата на Груевски под која пишување „ВИП мигрантот на Орбан”.

Од кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера во Парламентот во Будимпешта велеа дека при одлучувањето за азилот за Груевски треба да се земат предвид и условите во македонските затвори, како и ситуацијата со македонското правосудство, кои добиваат лоши оценки во извештаите на Европската комисија и Советот на Европа. Тие велат дека не се сигурни дека Груевски добил фер судење при изрекувањето на двегодишната затворска казна.

Груевски на 9 ноември требаше да се јави во затворот Шутка на издржување затворска казна од две години за предметот „Тенк“ на СЈО за набавката на блиндираниот „мерцедес“ од 600.000 евра. На 13 ноември Груевски на својот фејсбук-профил објави дека е во Будимпешта и дека бара политички азил поради закани по живот во Македонија.

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе