За Атина целосната интеграција на Западен Балкан во ЕУ е пат во една насока

Европската перспектива на земјите од Западен Балкан е и останува стратешки приоритет и стратешка цел за Грција, вели портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција Александрос Папајоану. 

На брифинг со новинарите, како што јави МИА од Атина, Папајоану рекол дека за нив би била загрижувачка „која било друга перспектива што ќе излегува од рамката на солунската агенда од 2003 година”, бидејќи остануваат цврсто на нивната „стратегија за целосна интеграција на Западен Балкан”, а ова за Атина е пат во една насока.

„Не е тактика, туку е стратешка цел и останува стратешка цел. Не знам како поинаку да ја истакнам важноста што ја даваме на овој регион, бидејќи стабилноста на регионот е во интерес и на Западен Балкан, но секако и на Грција”, објасни Папајоану.

Според него, добивката како за Грција, така и за земјите од Западен Балкан целосно да се интегрираат во Европската унија е нешто што се подразбира и треба „сите земји да продолжиме да работиме во оваа насока”.

Говорејќи за програмата на шефот на грчката дипломатија во следните денови, Папајоану соопшти дека во вторник, Никос Дендиас ќе присуствува на средбата на премиерот Кирјакос Мицотакис со македонскиот претседател Стево Пендаровски, кој ќе биде во официјална посета на Грција.

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе