Реакција

За амбасадата на Германија изјавите на Мицкоски за нирнбершките процеси се целосно неприфатливи

Германската амбасада во земјава се огласи со соопштение по изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека судењето за настаните од 27 април ќе биде практично нирнбершки процес и ваквата споредба ја оцени како несоодветна.

„Споредбата на постапките на правосудните служби на Северна Македонија со нирнбершките процеси е несоодветна. Со тоа се минимизираат делата на наци-злосторниците. Одговорните лица во Северна Македонија треба да придонесат за надминување на поделбата на општеството и да водат конструктивен дијалог за иднината на земјата во правец на евроатлантските интеграции. Освен тоа, самите изјави за нирнбершките процеси се целосно неприфатливи“, се вели во соопштението од германската амбасада.

Претходно и Амбасадата на САД излезе со реакција и порака до Мицкоски дека неговата реторика е опасна.

Реакцијата следеше по изјавите на Мицкоски во интервјуто за ТВ Сител. 

„Имам информации дека Митко Чавков е осуден на подолго од 14 години. Очекувам вкупната пресуда што ќе се изрече дека ќе биде преку 100 години за сите луѓе и ќе биде практично Нирнбершки процес, осветољубие и ништо друго“, рече Мицкоски, коментирајќи го притворањето на Митко Чавков пред изрекувањето на пресудата за 27 април.

 

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе