ВЛАДИНА СЕДНИЦА

За 7 дена Владата ќе ги објави субвенциите за странските инвеститори

Владата денеска донесе одлука да станат јавни досега доверливите информации и договори за доделување на државна помош за странските инвеститори во Република Македонија.

Со одлуката на Владата, согласно Законот за доверливи информации и согласно препораките на Дирекцијата за безбедност на доверливи информации, покрената е постапка според која Владата ќе ги направи јавни сите информации и договори за доделување на државна помош со странските инвеститори.

На денешната седница, Владата донесе одлука со која се задолжуваат Агенцијата за странски инвестиции и Техничко-развојните индустриски зони, како и сите останати министерства и државни органи, кои поседуваат доверливи информации и договори за државна помош, и тие да ги покренат постапките за достапност на овие информации и договори.

За ефикасно спроведување на оваа одлука, Владата го задолжи Генералниот секретаријат да достави листа на доверливи информации и договори за државни субвенции на странските компании во земјата. Рокот за ова е 7 дена.

Албанците сакаат да се поврзат со Илирите, Бугарите со Траките, а според нашите политичари и гласните негатори само ние немаме такво право, а за тоа има најмногу доказателства во македонскиот јазик, но и во фолклорот, носиите, архитектурата, музиката...

повеќе

Мухамед Али Џина ѝ приговараше на соседната земја зошто се нарекува себеси Индија, а не Хиндустан.

повеќе

Откочувањето на политичките кризи со помош на форматот на лидерските средби не е најдобриот начин, но засега е најуспешниот за излез од повремената политичка кратковидост.

повеќе