Државен завод за статистика

За 26 отсто е зголемена смртноста во 2020 година, повеќе умирале мажи

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година, вкупниот број на малолетни корисници на социјална заштита изнесувал 16.262 лица, додека вкупниот број на полнолетни корисници на социјална заштита, 49.263 лица. Бројот на починати лица лани е зголемен за 26 отсто во однос на 2019 година и изнесува 25.775 лица, покажуваат податоците на ДЗС. Најголем број смртни случаи, 3.847, имало во месец ноември.

Поголем број од починатите се од машки пол и тоа 13.914 или 54 проценти од вкупно умрените лица. Бројот на починати доенчиња изнесува 108 и нивното учество во вкупниот број на умрени изнесува 0,4 проценти.

Според податоците на ДЗС, просечната возраст кај починатите од машки пол изнесува 71,6 години, а кај оние од женски 75,3 години или просечната возраст на смртност кај жените е повисока за 3,7 години.

Како и минатите години, најголемо учество имаат починатите лица од болести на циркулаторниот систем, неоплазмите со 15.2 проценти, а потоа следат умрените како последица од пандемијата на ковид-19 10,9 проценти.

Со 5,8 проценти се застапени случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем , додека оние кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести се застапени со 5,3 проценти од вкупно умрени, со 3,7 проценти се затапени лицата кај кои причина за смрт се болестите на нервниот систем, по што следат останатите заболувања, но со помала застапеност.

Од вкупните права на социјална заштита кај малолетните корисници, најголемо учество имале услугите на социјална работа кои изнесуваа 52.3 проценти, додека од вкупните права на социјална заштита кај полнолетните корисници, најголемо учество имале услугите за социјална заштита кои изнесувале 87.4 проценти.

Во 2020 година, 32 345 носители на домаќинства (број на домаќинства) биле корисници на социјална парична помош.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе