Одбележување на годишнина од формирањето

За 20 години ЕБР прерасна во единица обучена речиси до совршенство за најсложени задачи

Со едноминутно молчење им беше оддадена почит на сите загинати припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) на одбележувањето на 20 години од формирањето на Единицата што се одржа во полицискиот центар „Ѓорче Петров". Јубилејни плакети,меѓу другите, им беа доделени и на министрите Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, Венко Филипче, Фатмир Битиќи, Љупчо Николовски и на државната секретарка во МВР Магдалена Несторовска... „ЕБР е високо специјализирана единица за најсложени задачи од сите аспекти“, изјави нејзиниот командант.

Командантот на ЕБР, Вице Столески осврнувајќи се на нејзиниот раст и развој од батаљон во единица, потенцира дека ЕБР значи и зголемување на капацитетите, организациската структура, а со искуството собрано низ годините, како и преку соработка со сродните полициски единици во Европа и во светот, оваа Единица се карактеризира со целосна подготвеност да одговори на сите зададени полициски задачи, независно од нивната сложеност, самостојно, но и во координација со другите единици.

ЕБР, потенцира командантот, прерасна во високо специјализирана полициска единица, во чии рамки се воспоставени високи специфични, стручни и професионални критериумите за сите нејзини праипадници од сите аспекти, физички, ментален, здравствен, образовен и технички.

Единицата за брзо распоредување по својот состав, улога и професионални специфики,  претставува клучна алка во остварување на полициските цели на безбедноста, а тоа е заштита на сигурноста, слободите, правата, материјалните добра на граѓаните, како и заштита на правниот поредок, на јавниот ред и мир, овозможувајќи внатрешна сигурност и стабилност на државата, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. 

Тој нагласи дека сите нејзини припадници од 2001 година па сѐ до денес, преку своите активности, трансформации, вложен труд, врвни обуки, професионализам и постигнати видливи резултати, овозможија оваа полициска организациона да стане неопходна полициска формација. И токму заради тоа, рече Спасовски, се грижиме да ги постигнеме и одржиме оние највисоки европски и светски полициски стандарди на полициските формации од овој тип.

Министерот Спасовски оцени дека самата единица односно нејзините припадници зад себе имаат обуки до совршенство, во сложени, сурови, геопросторни и тактички услови.

Почнувајќи од 2017 година, потсети тој, се реализира динамичен процес на материјално-техничко оспособување на полициските служби и на полициските службеници, притоа потпирајќи се претежно на сопствени средства, односно средства од буџетот на Министерството, па во тие реализирани планови и проекции е опфатена и Единицата за брзо распоредување, односно сите нејзини припадници.

Премиерот Заев во обраќањето потенцира дека досегашните резултати на Единицата и на сите нејзини припадници се вградени во актуелниот статус што македонската полиција го ужива како признаен и респектибилен партнер на граѓаните.

„Заради сите овие постигнувања во текот на изминатите 20 години, убеден сум дека ЕБР ќе продолжи и во наредните децении да се развива како високо мотивирана, врвно организирана и профеисонална служба, која заедно со сите останати сегмени на нашиот бебзендосен систем ќе биде гарант за јавниот мир и за безбедноста на граѓаните, според моделите на сродните европски полициски единици, истакна Заев.

„Посебно значајно е што припадниците на ЕБР ги краси чувството и одговорноста на максимално пожртвувано исполнување на својата должност, кога тоа го налагаат ситуации кога е загрозена јавната и безбедноста на граѓаните, но и во ситуаицја кога природните катастрофи се закануваат по животот, здравјето и имото на граѓаните, рече Заев.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе