Центар за граѓански комуникации

За 1.319 општински советници годишно се трошат 3,5 милиони евра

Вкупната годишна сума што им се исплатува на 1.319 советници и претседатели на општински совети изнесува повеќе од 215 милиони денари или нешто над 3,5 милиони евра, покажуваат податоците од истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) и базата на податоци на месечните паушали што им се исплаќаат на општинските советници и претседателите на советите на општините.

„Висината на месечниот надомест зависи од бројот на жители во општината и е определен како процент од просечната плата во земјава. Претседателите добиваат 30 отсто повисок паушал од советниците, а услов за да се исплати паушалот е во месецот да биде одржана барем една седница“, наведуваат од ЦГК.

Најголем месечен паушал од една просечна плата од 24 илјади денари, според податоците, добиваат советниците на Град Скопје, но тие одржуваат и најмногу седници во текот на месецот. Од другите општини, додаваат од ЦГК, највисоко платени се советниците во Кичево кои земаат 19 илјади денари месечно, а најмалку платени се советниците во Вевчани кои земаат нешто помалку од пет илјади денари месечно. Само 12 општини исплатуваат понизок месечен надомест од законскиот максимум, а 15 општини одат дури и над тој лимит.

Инаку, најмногу седници годишно одржува Град Скопје-лани дури 27, а најмалку (шест) одржале во Центар Жупа. Просечно, општинските совети одржувале по 15 седници годишно.

Истражувањето, како што соопштија од ЦГК, се реализира во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе