ТРОШОЦИ ЗА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ

За 10 години потрошени се 225 милиони евра за 25 компании кои вработиле 20 илјади лица

Тоа беше политика за економско шоу, а не политика за економски раст. Вака заклучи портпаролот на Владата на Република Македонија Миле Бошњаковски по денешната презентација на досега тајните податоци за субвенциите на државата за странските компании.

Сите овие податоци ќе бидат доставени и до македонските правосудни органи, рече Бошњаковски.

Според овие податоци, Владата за 10 години (2007 до мај 2017 година) потрошила 225 милиони евра за 25 странски компании кои вработиле 20 илјади лица. Или еден вработен ја чинел државата 11 илјади евра.

Анализата е направена за префрлени пари директно на сметките на странските компании, за даночните и царински олеснувања и трошоци за привлекување на странски компании. Податоците за 225 милиони не се однесуваат на трошоците од даночните и царинските олеснувања.

„Во однос на вработувањата, не се работело за нови вработувања, туку во најголем дел биле работници преземени од македонското стопанство. Договорите биле склучени во затворен круг, немло документи или критериуми за преговарање, преговарале министри, советници, посредници без критериуми и сите податоци биле тајни. Тајните договори биле склучувани без критериуми, некои добивале повеќе, а некои помалку. Сите овие договори се важечки и Владата ќе ги исполни договорените обврски со сите компании“, рече Бошњаковски.

Овие податоци покажуваат дека неповратни грантови биле 26 милиони евра, 14 милиони евра за странски директни инвеститори за креирање на работни места, некои компании добивале по 1.000 евра за работно место, а некои по 11.000 евра за работно место. Дополнително биле исплаќани пари и за обуки - вкупно 5 милиони евра од кои некои компании добивале по 100 евра, а некои по 3.000 евра по работник. 10 милиони евра биле исплатени за градежни работи за инвеститорите.

Вредноста од даночните и царинските олеснувања е 69 милиони евра. „Овие пари можеле, но не влегле во буџетот на Република Македонија. Оваа бројка треба да ја знае македонската бизнис заедница. Набавките на странските инвеститори од македонските добавувачи биле во вредност од само еден процент од нивните вкупни набавки“, рече владиниот портпарол.

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе