Откако не се појави еден пратеник во Собранието

Xоџа: Исчезнувањето на пратеникот Реџепи е пријавено во полиција

Генералниот секретар на Движење Беса Арјанит Хоџа изјави за МКД.мк дека претседателот на партијата Биљал Касами попладнево во полиција пријавил дека е исчезнат пратеникот Кастриот Реџепи. Касами, како и никој од Беса, не може да стапи во контакт со Реџепи, немаме информација каде се наоѓа, каква е неговата судбина и се сомневаме дека можеби е киднапиран, велат од партијата.

Лидерот на Беса Биљал Касами денеска дојде во Собранието на Македонија откако стана јасно дека поради отсуство на еден од пратениците на партијата нема да биде можно да се изгласа недоверба на Владата.

Во својата изјава пред новинарите Касами рече дека се сомневаат за судбината на пратеникот Реџепи оти станало очигледно дека „режимот е подготвен на се за да ја зачува власта“. 

„Немам информација каде се наоѓа Кастриот Реџепи, а немав никаква најава или сигнал од него дека ќе направи ваков потег", рече Касами и не одговори на новинарското прашање дали можеби е пријавено во полиција дека никаде го нема пратеникот..

Од Беса велат дека е сомнително што не дошол Реџепи на седницата, имајќи предвид дека се потпишал на иницијативата за гласање недоверба на Владата и дека во ниту еден момент тој пред сопартијците не искажал резерви во поглед на своето присуство и гласање на собраниската седница.

Ниту еден пратеник од Собранието во денешните изјави не кажа дека имал контанкт со пратеникот Реџепи, поради чие отсуство сега опозицискиот блок има недоволни 60 гласа за изгласување недоверба на Владата.

П.Џ.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе