Српскиот министер за одбрана со порака

Вулин: Заев мора да знае дека нема Косово и Србија, туку само Србија и територија под управа на ОН

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин реагираше на изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев кој во Брисел ги повика Србија и Косово да го продолжат дијалогот. 

„Зоран Заев мора да знае дека нема Косово и Србија, туку само Србија и територија под привремена управа на ОН, во согласност со Резолуцијата 1244 на ОН”, изјавил Вулин. 

Министерот за одбрана на Србија, како што пишува РТС, коментирајќи ја изјавата на македонскиот премиер, порача дека Македонија и Србија немаат исти цели. 

„Ние сакаме слобода и самостојност и сами да одлучуваме за себе. Значи, Србија, се додека ја води Александар Вучиќ, ќе остане воено неутрална и слободна, па макар да биде и последната земја која што не е членка на НАТО”, изјавил Вулин. 

Премиерот Заев денеска, по поканата до Македонија да се приклучи на НАТО, изјави дека сите треба да го следат примерот на Македонија и ги повика Србија и Косово да го продолжат дијалогот. 

 

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе