Реакција од Белград

Вулин: Пендаровски треба да молчи и за Србија, како што молчи и за „голема Албанија“

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин на македонскиот претседател Стево Пендаровски му порача дека темата како Србија ќе го реши проблемот со Косово не е тема за него. Како што молчи за „голема Албанија", треба да молчи и за Србија, реагирал Вулин по изјавата на Пендаровски дека грозна е идејата за размена на територии помеѓу Косово и Србија и дека идејата за корекција на границите меѓу Белград и Приштина е незамислива.

Александар Вулин

„Пендаровски треба да се праша за иднината на Северна Македонија, а не за Србија. Како Србија ќе си го реши својот внатрешен проблем не е тема за претседател на Северна Македонија, нашиот јужен сосед. Ако идејата за разграничување е „грозна и недостојна за 21 век", тогаш Пендаровски би можел да го повлече признавањето на Косово од почетокот на 21 век или да ја осуди НАТО агресијата на СРЈ од крајот на 20 век која доведе до етничко чистење на Србите од Косово и Метохија“, изјави Вулин, пренесува РТС.

Вулин вели дека Пендаровски ѝ должи на Србији почитување, а уште повеќе  му должи на сопствениот народ изјава за тоа што мисли за идејата на Тачи и за обединување на Албанците во „голема Албанија“.

„Белким Пендаровском забележал дека на мапата на „голема Албанија“ е половина од Северна Македонија. Ако не ја видел таа мапа, тогаш нека му ја покаже Талат Џафери, претседателот на Собранието кој без проблем таа мапа ја покажува и пред ТВ екраните. Ако молчи за голема Албанија, нека молчи и за Србија“, изјави Вулин.

Пендаровски во петокот изјави дека идејата за разграничување на Србија со Косово може да биде идеја за експерти, новинари, но не и за одговорни политичари, бидејќи е неодговорно да се зборува за една идеја која во суштина е грозна, односно да се зборува за размена на население и територија. 

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе