Претседателот на Парламентот на Грција

Вуцис: Убеден сум дека народот ќе ја разбере позитивната порака од Преспанскиот договор

Претседателот на Парламентот на Грција, Никос Вуцис е оптимист дека грчкиот народ со текот на времето ќе ја сфати корисноста на Договорот од Преспа.

Во интервјуто за првата програма на грчкото државно радио, Вуцис се осврна и на решението меѓу двете земји.

„Многу сум оптимист дека во следните месеци и до евроизборите, но и до националните избори нашиот народ, во мнозинство, ќе ја разбере позитивната порака што ја дава решавањето на долгогодишниот проблем“, порача Вуцис.

Претседателот на грчкиот парламент во интервјуто спомена дека во тек се подготовките за посетата на Алексис Ципрас на Скопје, но ја коментираше и средбата со Никола Димитров во Атина.

„Средбата што во петокот ја имав со господинот Димитров помина многу добро, а ова се покажа и со тоа што немаше реакции од други политички сили, од другите партии. Дадовме детални изјави, јавно и министерот за надворешни работи и јас“, изјави Вуцис за првата програма на грчкото државно радио.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе