Атина

Вуцис: „Македонија е една и грчка“ е иредентистички слоган, Договорот од Преспа е од голема важност

Претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис смета дека слоганот „Македонија е една и грчка" што се слушаше на протестите во Грција е „доста иредентистички слоган", јави дописничката на МИА од Атина

Говорејќи на расправата за ратификација на Договорот од Преспа, Вуцис рече дека опозициските партии како Нова демократија, но и ПАСОК се служеле со трик во изминатите месеци и не се обиделе да го  разграничат ставот за сложено име со географска одредница ерга омнес, од ставот изразен на протестите „никогаш и никаде да не се користи терминот Македонија, бидејќи Македонија е една и грчка.

Претседателот на грчкиот Парламент рече дека Договорот од Преспа е историски и од голема важност.

„Тоа е историски договор за Балканот, за Европската унија кој нишајќи се ја бара својата улога и односот со Балканот, за улогата на Балканот во целост во блиска иднина и перспективата во рамките на Европска унија која треба да го најде својот чекор во насоката што сакаме. Тоа е историски договор за стабилноста во регионот, за илјада други причини, не само за нашите национални интереси. Во оваа смисла е историски договор што има многу голема важност“, рече Вуцис.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе