Вучиќ во Атина: Северна Македонија е подготвена да влезе во иницијативата за изградба на брзата пруга Атина-Скопје-Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со неговиот домаќин, грчкиот претседател Прокопис Павлопулос во Атина изјави дека на средбата е разговарано и за подобрувањето на транспортните врски меѓу двете држави во рамки на кинеската иницијатива „Појас и пат“, за што телефонски разговарал и со премиерот Зоран Заев.

„Пред неколку дена разговарав со премиерот на Северна Македонија, Зоран Зајев и тој кажа дека неговата земја е подготвена да се приклучи на иницијативата“, рече Вучиќ.

Тој на новинарите по средбата им изјавил дека Грција има одлична пруга од Атина до Солун, но дека останал дел од Солун до Северна Македонија, јавува МИА од Белград.

„Железничката пруга низ Северна Македонија е еднонасочна, тоа би требало да се промени. Мораме да промениме сè и да изградиме сè и подготвени сме да влеземе во тој аранжман во рамките на ‘Појас и пат‘. Разговаравме со нашите грчки пријатели затоа што мислиме дека тие со ова би добиеле многу поголем број на туристи“, изјави Вучиќ.

Според него, изградбата на брзата пруга од Белград до Ниш со возови што одат 200 километри на час, потоа од Ниш до границата со Северна Македонија, каде одат од 120 до 160 километри на час, би значело побрзо да се стигне до Халкидики и Солун. Ова, како што рече, би имало големо значење и за товарниот сообраќај.

На прашањето како Атина ја гледа иницијативата „мал Шенген“ со Северна Македонија и Албанија, Вучиќ кажа дека „не мисли дека Грција се меша во тоа, затоа што тој пазар е мал за нив“.

„За нив тоа е премалку, тие имаат поголеми цели, но можат да покажат почит и јас им се заблагодарувам за тоа“, рече Вучиќ.

Во врска со кинеското влијание во регионот, Вучиќ кажа дека „ако за никого не е проблем тоа што во Хрватска, земја членка на ЕУ, Кинезите го градат мостот „Пељешац“, зошто е проблем кога Кинезите работат и градат во Србија“, прашал српскиот претседател, откако разговарал со неговиот грчки колега Павлопулос, чиј принцип на почитување на меѓународното право и националните интереси, го разбира целосно, додавајќи  дека „никогаш не се случило во Србија да се добијат европски пари, па Кинезите да градат, како што беше случај со мостот „Пељешац“ во Хрватска.

Грчкиот претседател Павлопулос, пак, порачал дека Грција е подготвена да ги поддржи оние држави од регионот што сѐ уште не се членки на ЕУ унија со цел да се забрза нивната европска перспектива.

Според Павлопулос, за оваа поддршка земјите кандидати треба да ги исполнат и очигледните предуслови, односно целосно усогласување со европското законодавство и решавање на билатералните прашања.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе