ВО ИНТЕРВЈУ ЗА РТС

Вучиќ: Србија нема да дозволи да биде понижувана, со Македонија ќе имаме односи на „пристојно“ ниво (ВИДЕО)

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, во интервју за српската државна телевизија РТС, посветено главно на односите со Македонија рече дека Србија нема да дозволи да биде понижувана, но дека нема потреба од паника кај народот во Србија и во Македонија „бидејќи никој не сака судири, ниту ќе има“. Тој потврди и дека тогашната влада му дозволила на Живаљевиќ да влезе во Собранието на 27 април.

Вучиќ го прокоментира и одговорот на македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, кој на денешната прес-конференција рече дека Владата на Македонија не прислушувала, ниту планирала нешто такво, ниту дала такви инструкции.

„ Димитров беше многу прецизен, кога рече дека „Владата не наредила, ниту планирала“. Ние знаеме. Нашата контраразузнавачка служба е силна. Знаеме што сè правеле. Правено е тоа на едно многу повисоко ниво, но тоа не им се прави на пријателите. Тоа го правеа и некои други во регионот, па интерно ги предупредивме тоа да не го прават. Проблемот е тука што се прави една политичка приказна за да се вовлече Србија, во која нема да дозволам да бидеме вовлечени“, изјави Вучиќ и додаде дека е тешко оти односите меѓу двете држави ќе бидат на највисоко ниво, поради ставовите на Македонија за Косово, но дека ќе тие ќе бидат „на пристојно ниво“.

Со образложение дека е подобро темите да се отвораат, за да има повеќе фокус и внимание на тоа, отколку да се премолчуваат работите, Вучиќ за првпат зборуваше за детали околу  инцидентот во Собранието и присуството на припадникот на БИА, Горан Живаљевиќ во Собранието за време на насилствата. Според српскиот претседател, Живаљевиќ  не отишол на своја рака и без знаење на македонските власти.

„Се поведе голема хајка против Живаљевиќ, дека тој е одговорен за тоа што се случувало во Собранието, бидејќи работел заедно со руските служби. Затоа што им беше тешко да кажат дека Русија и посветила толку многу внимание на Македонија, па мора да вовлечат и некој друг. Тешко им беше да ги вмешаат Бугарите, Грците и Албанците, па ги вмешаа оние кои немаат никакви територијални претензии кон Македонија и никогаш ништо не направиле против Македонија. Време е да престанат да молчат по тоа прашање и да им откријат на граѓаните кој му дозволил на Живаљевиќ да биде во Собранието.

Па тој Живаљевиќ не отишол на своја рака. Не ме прашал мене, ниту кого било во нашата земја, иако нам треба да ни полага сметки. Тој го прашал највисокиот претставник на извршната власт на Македонија, директно го прашал: „Јас сакам да бидам таму. Дали имате нешто против?“. Тие беа целосно запознаени со неговото присуство“, објаснува Вучиќ.

Тој вели дека ова е искористено за да се води кампања против Србија, а Србија да се врзе со приказните на големите сили, со кои немаат никаква врска.

Српскиот претседател додаде дека подоцна, на Брдо кај Крањ, бил замолен  Живаљевиќ да биде повлечен од Македонија што, како што вели, го сториле, но потоа  околу овој потег на Белград почнале да се појавуваат сомнежи  дека Србија е виновна штом го повлекла.

Во интервјуто Вучиќ уште тврдеше дека Македонија ќе го поддржи членството на Косово во УНЕСКО и дека очигледно не ја кажувала вистината пред три месеци и најави дека ќе разговара за ова со македонскиот премиер Зоран Заев.

„Како  знаев дека ќе го сменат мислењето за УНЕСКО?  Дачиќ им рече, точно им рече и затоа  пак ќе кажам дека тие знаат што сè знаеме ние”, додаде српскиот претседател.

Тој исто така најави дека ќе го вратат персоналот во амбасадата и нема да бараат ништо од Македонија, но образот мора да си го сочуваат. 

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе