ПРЕД УТРЕШНИОТ РАЗГОВОР СО ЗАЕВ

Вучиќ со порака до Македонија: Не ни кажувајте дека нѐ сакате, а секогаш гласате против нас

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во вечерашното интервју за РТС изјави дека знае дека Македонија ќе го поддржи членството на Косово во УНЕСКО и дека сега е очигледно оти македонските владини претставници пред три месеци не ја говореле вистината. 

За ова прашање најави дека утре ќе разговара со премиерот Зоран Заев.

„Наша работа е да разговараме. Утре ќе влезам отворено, на пристоен начин да разговарам со господинот Заев и да се обидеме да видиме што е она за што можеме да разговараме и за што можеме да се договориме“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека е најважна економијата и дека секогаш инсистирал на економска зона.

„Ајде да продаваме едни на други сѐ што можеме, заедно да работиме, да заработуваме, а тода, дека вие нас не сакате, а секогаш гласате против нас, само за тоа немојте да ни зборувате“, вели тој.

Вучиќ потсети, како што рече, дека Србија ништо не направила против македонија, дека ја прознала под уставното име, спротивно на волјата на земјите од ЕУ.

„Тоа покажува колкаво е пријателството на Србија кон Македонија и зошто Србите се најпопуларен народ во Македонија и затоа што сите знаат дека единствено ние немаме никакви претензии кон Македонија. Ама немојте да мислите дека можете да ја понижувате Србија, тоа е она што нема да го дозвилиме“, порача Вучиќ. 

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе