Пред утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан

Ковачевски, Вучиќ и Рама разговарале дали да одат или да не одат во Брисел

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека денеска преку видеоконференциска врска разговарал со премиерите на Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама за претстојниот Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел, нагласувајќи дека одлуката за тоа дали ќе присуствуваат на средбата сите тројца ќе ја објават утре. Ковачевски потврди дека тројцата премиери разговарале, дека станува збор за онлајн вореден состанок во рамки на „Отворен Балкан“ и дека конечната одлука ќе се носи утре.

„Се договоривме по консултациите со нашите влади и советници, утре напладне да ја соопштиме одлуката дали ќе присуствуваме на состанокот во Брисел“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм и додаде дека во телефонски разговор го информирал високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел дека тројцата премиери утре ќе решат дали ќе учествуваат на Самитот.

„Се согласивме дека по дополнителни интерни консултации, утре претпладне ќе ја донесеме финалната одлука за нашето учество на ЕУ-Западен Балкан самитот во Брисел“, објави и Ковачевски на Фејсбук.

Вучиќ додава дека со Рама и Ковачевски размениле мислења за идните чекори на заедничката иницијатива Отворен Балкан, пред сѐ за Саемот на вино кој ќе ги собере најдобрите винари од регионот, како и за следната средба на која треба да се разговара „за бројни прашања од интерес на граѓаните од трите земји".

„Заедно се бориме за јасна перспектива на Западен Балкан, уште посилна соработка и подобро поврзување“, вели“ Вучиќ.

Премиерот Ковачевски потврди дека е разговарано за Самитот на вино, но исто така истакна дека разговарале за повеќе теми важни за регионот и дека покренале иницијатива за Агенција за привлекување инвестиции на Отворен Балкан, која ќе овозможи дополнителен економски развој за регионот.

Самитот ЕУ – Западен Балкан, на кој се очекува учество на претставници на ЕУ и на лидерите од земјите од Западниот Балкан, треба да се одржи во четврток во Брисел, пред јунското заседание на Европскиот совет.

Претходно, Вучиќ изјави дека Србија во текот на јуни нема да отвори ниту едно поглавје во преговорите со ЕУ. Од друга страна, Македонија и Албанија на Самитот на ЕУ очекуваат одлука околу почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе