Чекајќи ја ЕУ

Вучиќ, Рама и Заев на Економскиот форум за регионална соработка, ја туркаат иницијативата „мини Шенген“

Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама денеска и утре ќе престојуваат во Скопје и заедно со премиерот Зоран Заев ќе учествуваат на Економскиот форум во рамки на иницијативата за соработка позната како „мини Шенген“.

На Економскиот форум за регионална соработка што го организираат Стопанските комори на Србија, Македонија и Албанија, како што соопшти Вучиќ минатата недела, ќе биде променето името на иницијативата „мини Шенген", ќе бидат потпишани три договори, а на граничните премини ќе се направат „брзи ленти“ за побрзо поминување на луѓето од регионот.

Вучиќ неодамна изјави дека „постои замор во ЕУ во врска со проширувањето, но мораме да видиме што можеме да сториме за себеси, за нашите народи и како да ги прошириме нашите пазари“. Заев изрази фрустрација бидејќи „ЕУ не ги исполнува своите ветувања“, а Рама соработката со Брисел ја спореди со делото „Чекајќи го Годо“ на Семјуел Бекет.

„Работевме на три документи и верувам дека ќе ги потпишеме во Скопје, тие се важни документи за трговија, работни дозволи и заемна поддршка во случај на пожари, поплави и други катастрофи, што е во интерес на нашите народи“, изјави Вучиќ.

Скопскиот форум за регионална соработка на Западен Балкан ќе обедини компании од Србија, Албанија, Северна Македонија и Босна и Херцеговина, како и други регионални и европски економии, како и претставници на влади, финансиски институции, универзитети и меѓународни делегации и здруженија. Меѓу 300 и 400 учесници се очекува да имаат билатерални Б2Б состаноци.

Повеќето компании доаѓаат од градежништвото, земјоделско-прехранбениот сектор, енергетиката, машинеријата, автомобилската и текстилната индустрија, туризмот, ИКТ и телекомуникациите, транспортот и логистиката …

Според Развојната агенција на Србија, Вучиќ, Рама и Заев ќе претстават политичка и економска визија на интегриран регион. Планирани се и бројни средби на бизнисмени од регионот, кои ќе се одржат по официјалниот дел на Форумот.

На Форумот ќе учествуваат речиси 400 компании од регионот. Повеќето од нив, над 200, аплицирале од Србија, потоа повеќе од 100 од Северна Македонија, од Албанија околу 40, од БиХ десетина и помал број или по една компанија од Австрија, Тајван, Израел, Полска, Романија, Бугарија, Франција и Грција.

 

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе