Белград

Вучиќ пред средбата Отворен Балкан во Тирана: Ние сме единствените кои немаме никаков проблем со Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа најави дека претстојната средба „Отворен Балкан“ во Тирана ќе донесе многу добри и важни заклучоци, многу придобивки за сите граѓани, јави дописникот на МИА од Белград.

„Веруваме дека се приближуваме до она што многу ќе го олесни движењето не само на граѓаните кои би сакале да патуваат, туку и на бизнисмените и во протокот на стоки, услуги и капитал. Ќе ги поврземе нашите народи кои ќе имаат многу поблиски односи отколку во минатото“, изјави Вучиќ во интевјуто за ТВ Пинк.

Во тој контекст, тој потсети дека денес Србија е призната од Македонците како нација и земја која е најблиска до Македонија и нивните граѓани, и тој добрососедски однос мора да го градиме.

„Ние го прифаќаме нивниот јазик, нивната нација. Им посакуваме се најдобро, на Македонците, Албанците, Србите и сите граѓани на Северна Македонија. Ние сме единствените кои немаме никаков проблем со нив“, додаде Вучиќ.

Тој истакна дека добил видео од албанскиот премиер Еди Рама од селанец од северот на Албанија кој на пазарот ги објаснува предностите на „Отворениот Балкан“.

Селанецот, како што кажа, рекол дека многу му значи ако може со својата стока да оди во Белград.

„Знаете ли што се би можеле да извезуваме, многу повеќе, а што би извезувале би се сменило, затоа што можеме наместо суровини да извезуваме многу повеќе полупроизводи и финални производи, а тоа се повисоки цени“, објасни Вучиќ.

Тој потсети дека на овој начин по вековни војни нордиските земји се поврзаа, што им донело само добро. 

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе