Вучиќ по средбата со Пендаровски: Не сум сигурен дека ЕУ знае што да прави со Западен Балкан

Не е спорно дека сите чекаме да станеме членки на ЕУ, но ако ме прашате дали сум сигурен што знаат во Брисел што да прават самите со себе, а што со нас, не сум сигурен дека знаат што со нас, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на заедничката прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски во Белград. 

Објаснувајќи зошто треба да се тера со регионалната иницијатива наречена „Мал Шенген”, Вучиќ зборуваше за средбата со премиерите Зоран заев и Еди Рама во Нови Сад. 

„Во Нови Сад Еди знаеше дека сум во право, а Зоран ме гледаше чудно кога му реков дека ЕУ нема да отворат преговори. Тоа моижеше да се види. Сега бараат начин како да го отворат тоа. Добро, ќе отворат преговори, ќе ги израдувате граѓаните 15 дена ќе викате ги отворија преговорите, а што после. Затоа сум среќен што може да се пофалиме со економски раст. Затоа треба да работиме, да се договориме како ќе биде во иднина. Да бидеме што поуспешни. Да се поврзуваме, да се почитуваме. 

Си играат со нас како со марионети. Тоа време сакам да заврши и затоа сум горд на оваа иницијатива. Ќе покажеме дека не сме веќе малолетни”, рече Вучиќ. 

Пендаровски ја објаснуваше новата методологија што ја предлага Франција по испраќањето на нон-пејперот до членките на ЕУ, нагласувајќи дека таа е во иницијална фаза и дека нејзиното спроведување ќе биде долг и компликуван бирократски процес. 

Се надевам дека брзо ќе ја усвојат. Но, претседателот Макрон на средбата децидно ми рече дека не се предвидува никаква замена на членството со друго асоцирање и дека никогаш немал идеја даму нуди на Западен балкан алтернативно членство. Со нон-пејперот се разбиени илузиите за алтернативното членство во ЕУ. Но, тоа не ги икслучува регионалните иницијативи”, изјави Пендаровски. 

Според него, нема дилеми дека Макрон не нуди, како што рече четврта Југославија. 

 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе