Вучиќ: Персоналот од амбасадата во Скопје е повлечен заради офанзивно разузнувачако дејствување

Персоналот од српската амбасада во Македонија е повлечен бидејќи надлежните органи доставиле докази за „многу офанзивно разузнавачко дејствување против органите и институциите на Србија“, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Вучиќ пред новинарите кажал дека за донесувањето на таа одлука имало неколку причини, но дека „надлежните органи“ тоа го утврдиле и нему и на Владата на Србија им претставиле докази за таквото дејствување.

„Ние ќе продолжиме да развиваме пријателски односи меѓу Белград и Скопје. Наше е само нашите луѓе да бидат подготвени и да се заштити пријателството на Србите и Македонците, но и да знаеме како е да се дејствува во ново опкружување кое што не ни беше познато до пред неколку месеци “, рече Вучиќ.

Според неофицијални информации, од овие разузнавачки информации, Србите добиле информации дека Македонија ќе биде предлагач за гласањето за влез на Косово во УНЕСКО, поточно да ја предложи таа точка за дневен ред.

На новинарско прашање, дали кризата во односите со Македонија има врска со членството на Косово во УНЕСКО, Вучиќ рекол дека „Србија ќе ги заштити своите интереси и ќе гради добри односи со Скопје.

„Но, како да ви кажам… тие односи ќе мора да бидат засновани на взаемно почитување. Дали Албанците ќе го стават Косово на дневен ред на Собранието на УНЕСКО… наша работа е да ги заштитиме интересите на Србија, притоа да не го нарушиме интересите на другите земји“, рече Вучиќ, додавајќи дека сепак во целата работа има мешање на некои други сили.

Прашан дали мисли на официјална Москва, тој одговорил дека не помислил на Русија.

Вучиќ одби пред новинарите да даде други детали, но рече дека „за седум до десет дена сѐ ќе биде вообичаено“. 

Денеска и српската премиерка Ана Брнабиќ кусо изјави дека за одлуката за повлекување на персоналот од амбасадата на Србија во Македонија разговарала со министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ и со претседателот на Србија, Александар Вучуќ.

„Имав утринава состанок со Дачиќ и консултации со претседателот на Србија, бидејќи не станува збор за мала работа“, изјави Брнабиќ пред новинарите, без да даде дополнителни информации.

Според неа, подетална изјава требаше да даде министерот Ивица Дачиќ.

 

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе