Вучиќ од Охрид: Браќа Македонци ние немаме билатерални проблеми

Постои нешто што се гледа во односите меѓу Србија и Македонија. Браќа Македонци, ние немаме билатерални проблеми, решивме проблеми кои беа стари 50-60 години, изјави српскиот претседател, Александар Вучиќ на официјалното отворање на Самитот на „Отворен Балкан“ во Охрид.

„Сакам да истакнам дека суштината на оваа иницијатива е да се формираат работни групи сега или на следниот состанок кој сакам да биде во јужна Србија, со што би се активирале владите да се надминат проблемите на целиот регион, проблемите со енергетската криза, финансиската и културната легислатива. Доколку сакаат да учествуваат во формирањето на работните групи, во тие договори добредојдени се и претставници на Црна Гора, Босна и Херцеговина и Приштина. Денеска потпишуваме договори за работните дозволи, развој на туризмот, здравството, образованието“, рече Вучиќ.

Според него, напредокот на регионот е суштината на иницијативата „Отворен Балкан“.

„Отворањето на преговорите со Европската Унијане зависи од нас, она што секогаш зависи од нас е како ќе живееме со соседите и пријателите“, рече Вучиќ.

Тој уште кажа и дека е горд што од иницијатива што на почетокот малкумина ја следеле и не се интересирале многу и сметале дека е осудена на пропаст, денеска, како што рече не може да се влезе овде од сите заинтересирани.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе