По средбата со Макрон

Вучиќ очекува Македонија и Албанија да ги започнат преговорите во март

Очекувам преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија да бидат отворени во март, освен ако не се чека Самитот во Загреб во мај, изјавил во Париз српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, коментирајќи ги барањата на одредени земји за повторно ставање на гласање на одлуката за старт на пристапните преговорите со двете земји.

„Тие ќе го сторат тоа во март, бидејќи се плашат од резултатите на изборите на 12 април во Скопје. Тие не сакаат да бидат виновни за поразот на некој кому му ветиле нешто за нешто што тој направил“, објаснува Вучиќ.

Српскиот претседател, како што јавува МИА од Белград, по синоќешната средба со Макрон во Париз истакнал дека иницијативата за укинување на бариерите за слободно движење на стоки, услуги, капитал и луѓе меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија е поважна од повлекувањето на признавањето на Косово.

На прашањето дали добил поддршка од Макрон за „Малиот Шенген“ и дали очекува притисок поради идејата, Вучиќ одговори дека оваа иницијативата нема да ја нарече со тоа име, иако веќе е влезено во секојдневна употреба, бидејќи тој назив „вознемирува некои луѓе, а и заради географската одредница“.

„Никој не може да каже дека таа иницијативата може некому да му пречи, затоа што не постои рационална причина за тоа. Иницијативата е поддржана од САД и Макрон тоа ќе го стори јавно. Но, на некои земји може да им се каже да речат дека се против тоа заради нешто, затоа што сфатиле дека ја земаме судбина во свои раце и самите ги решаваме сопствените проблеми“, истакна Вучиќ.

Тој додал дека ни на членови на неговото семејство не може да им ја објасни важноста на оваа иницијатива.

„Постариот син смета дека е позначајно повлекувањето на признавањето на независноста на Косово, а тоа не е ни близу до тоа“, рече Вучиќ.

Според него, неопходно е „да се стави на видело“ европската иднина на регионот, а започнувањето преговори и потоа задржување десет години во отворање на поглавјата, само доведува до зголемување на бројот на противници на ЕУ.

Во исто време, смета Вучиќ, францускиот претседател Макрон е во право кога вели: „ќе преговарате, а потоа 10 години ќе отворате поглавја“.

Притоа, според Вучиќ, ова ќе доведе до целосен „егал“ на противниците и поддржувачите на ЕУ во земјите од регионот.

„Макрон, за разлика од другите, ја кажува вистината и не е лицемерен“, додаде тој.

 

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе