Вучиќ, Абазовиќ и Тегелтија пристигнаа во Охрид за „Отворен Балкан“, попладнево се чека Рама

Денеска во Охрид пристигнаа лидерите на земјите од иницијативата „Отворен Балкан“, каде што утре ќе се одржи работниот дел од самитот.

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и претседателот на Владата на Република Црна Гора Дритан Абазовиќ на охридскиот аеродром беа пречекани од министерката за култура Бисера Костадиновска - Стојчевска.

Премиерот на Албанија Еди Рама во доцните попладневни часови ќе биде пречекан од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, додека претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Зоран Тегелтија во Охрид пристигна во текот на вчерашниот ден.

Според агендата на самитот „Отворен Балкан" утре ќе бидат потпишани договори и меморандуми за соработка во туризмот, културата и меѓу даночните управи на земјите од иницијативата, како договорот за соработка за земјите од иницијативата за взаемно признавање на дипломи и научни степени издадени од високообразовни институции и други овластени институции.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе