Откако Џафери констатира дека законот е донесен, Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, од собраниската говорница извикуваше „Криминалци“ и „Срамота“.
„Ова е класично кршење на деловник, на Устав. Констатиравте дека второто гласање е завршено и дека законот е донесен. Срамота е ова што го правите“, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Петнаесетина минути пред тоа само 74 пратеници гласаа за законот, што не беше доволно за двотретинско мнозинство, по што Џафери го поништи гласањето.