Втор ден протести на пазарџиите, блокиран дел од булеварот „Кирил и Методиј“

Пазарџиите од Зелен пазар кои бараат намалување на цените за паркинг на Општина Центар, и денеска втор ден, од изутрина се на протест поради што е блокиран сообраќајот на дел од булеварот „Кирил и Методиј" во центарот на Скопје, на потегот кај дирекцијата на Макпетрол.

Полицијата ги пренасочува возилата од пред крстосницата кај катната гаража „26 Јули".

Од Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар" вчера со соопштение изразија жалење за незадоволството кое пазарџиите – сопственици на тезги на „Зелен Пазар" во Општина Центар, го манифестираат преку штрајк и апелираат до нив да ги прифатат новите мерки за решавање на проблемот со паркирањето на паркиралиштето „Аутомакедонија" како единствено добро за сите засегнати страни, особено за жителите.

Според претпријатието, решението на проблемот треба да се бара во „Скопски Пазар" кој треба да обезбеди дел од својата парцела која ќе биде наменета за потребите на своите закупци на тезги, а не, како што велат, решението да се бара во злоупотреба на јавна површина со цел да се задоволат потребите на еден приватен бизнис.

Пазарџиите, пак, велат дека со зголемувањето на цената на паркингот им се нарушува и онака слабиот промет на пазарот, и бараат првиот час за паркирање да е бесплатен, а за секој нареден да важи старата цена.

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар" минатата недела донесе одлука со која од 8 овој месец цените за паркинг за еден час на комерцијалните паркиралишта со кои стопанисува се зголемија за 20 денари. Целта, како што појаснија, е да се намали бројот на паркирани возила во централното градско подрачје и да им овозможи на жителите похумани услови за живеење.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе