Вселенската патријаршија го отвори прашањето за македонската црква

Вселенскиот патријарх Вартоломеј реши да го отвори прашањето за решавање на конечниот статус на македонската црква.

Одлуката на Светиот синод на Цариградската патријаршија да го отвори ова прашање е врз основа на барањата на Македонската православна црква - Охридска архиепископија и на Владата на Република Македонија за решавање на статусот, јавија српски медиуми.

Иако во соопштението од Вселенската патријаршија не се соопштуваат детали за разговорот по ова прашање, сепак поставувањето на дневен ред, како што велат аналитичарите, значи ставање во процедура на ова барање, пишува „Нова Македонија“.

Во јануари 2019 година, Вселенскиот патријарх Вартоломеј на украинскиот митрополит Епифаниј му предаде томос (декрет) за автокефалноста на Украинската православна црква која ја доби својата независност од Руската православна црква.

Српската православна црква не ја признава МПЦ-ОА. СПЦ не ја признава и Украинската православна црква, а една од причините е и тоа што ова може да доведе до признавање на православна црква на Црна Гора и на МПЦ. Српскиот патријархот Иринеј изјави дека на почетокот на годинава ја одбил поканата да присуствува на инаугурацијата на поглаваратот на, за Србија, непризнаената украинска црква.

Верските црковни официјални лица и аналитичари сметаат дека ова е почеток на решавањето на многу отворени верски прашања, а украинскиот рецепт може да биде применет и во случајот со МПЦ.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе