Врз основа на аргументи ќе се најде трајно решение за државјанствата, најавува Заев

Премиерот Зоран Заев верува дека ќе се изнајде решение за проблемот со немањето државјанства, откако денеска за тоа имаше средба со пратениците на Алијанса за Албанците и Алтернатива.

„Имавме конструктивен работен состанок на којшто можевме да ги слушнеме аргментите по Предлог-законот од Алијанса и Алтернатива, претставени од нивните пратеници. За еден дел од работите веднаш најдовме решение и знаеме како ќе се решат работите, но за позначаен дел од работите заклучивме дека Владата треба да ги разгледа аргументациите коишто беа понудени во наративот и образложението од страна на Алијанса и Алтернатива како што и тие треба да ги разгледаат аргументациите коишто беа понудени од страна на соодветните министри“, рече по средбата Заев.

Тој кажа дека е договорено најдоцна за една недела да се сретнат и врз основа на тие аргументации да се пронајде трајно решение.

„Се согласивме дека таа бројка иако е евидентирана на 1.500 лица, во матична евиденција е некаде 800 -850 луѓе и е различна. Притоа разграничивме граѓани коишто имаат извод од матична книга на евиденција односно се родени, што е една проблематка, и граѓани кои се стекнуваат со државјанство со природување односно женење, мажење во државата како друга проблематика, и како да настапиме“, објасни премиерот.

Заев рече дека во следните неколку дена службите интензивно ќе работат за да ги разгледаат и да ги разберат сите опредлози што ги дале двете опозициски партии.

„На тој начин ќе потврдиме сите дека сме за трајно решавање за оние наши граѓани коишто немаат државјанство да добијат државјанство, а притоа тоа да биде согласно европските конвенции за државјанство, согласно меѓународната регулатива за државјанство и согласно сето она што претставува одржливост на решенијата за државјанство“, рече тој.

Во решавање на оваа проблематика, како што кажа, ќе се искористи примерот од 2004 година, кога се решени случаите со повеќе илјади граѓани.

На средбата присуствуваа и министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за правда Бојан Маричиќ и за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, како и координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе