Додека пленарната сала е празна

Врие по ходниците и кабинетите во Собранието

Неизвесноста продолжува. Собраниската седница за пристапување кон уставните измени требаше да почне во 12, па во 15 часот. Пред и околу собраниската зграда врие од полиција.

Претседателот на Собранието наводно му порачал на собраниското мнозинство да му јават кога ќе обезбедат двотретинско мнозинство. Пратеникот Стоиљковиќ на Фејсбук напиша дека Собранието е претворено во сточен пазар. Велат, недостигаат уште два прста, двајца пратеници, за бројката од 80 што би стиснале копче за промена на Уставот и името.

Во Собранието врие. Ама не во салата за пленарни седници, туку по ходниците и кабинетите на пратениците и на координаторите на пратеничките групи. Се шпекулира дека при крај е убедувањето, притисокот или уценувањето на уште два-тројца од пратениците на опозицијата за да се дојде до посакуваната бројка 80.

Петнаесет минути пред 15 часот Антонио Милошоски со дваесетина пратеници зад себе (недостигаа другите дваесетина) излезе на конференција за печатот и побара од претседателот на Собранието Талат Џафери веднаш да закаже гласање. Но тоа засега не се случува.

Крсто Мукоски денеска беше третиот пратеник од обвинетите за случајот „27 април“ што за последните три дена од судот доби решение за укинување на куќниот притвор.

Џафери има право да го закаже продолжението за в понеделник, или, како што се споменува, и за в среда.

За в понеделник најавена е и посета на заменик-помошникот на државниот секретар на Стејт департментот, Метју Палмер. Палмер денеска е во Белград, од каде уште еднаш порача дека Преспанскиот договор е историска шанса за земјава, која нема да се повтори.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе