Време е за одлука, порача Заев на Фејсбук

Со договорот македонскиот идентитет е заштитен. Граѓаните на Македонија влегуваат гордо во НАТО и ЕУ. Време е за одлука! Одиме напред во НАТО и ЕУ, напиша синоќа премиерот Зоран Заев на неговиот Фејсбук профил.

Постот е дел од владината кампања за есенскиот референдум на кој граѓаните треба да се изјаснат за Договорот од Преспа со кој што се решава спорот за името со Грција и се отвора патот на земјата кон НАТО и ЕУ.

Во рамки на кампањата објавени се и неколку видео-спотови со кои се појаснуваат придобивките од договорот.

Претходно, Владата на нејзината веб страница објави текст со факти за Конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратешко партнерство, во кој во 10 точки се содржани бенефитите за Макадонија и македонските граѓани од договорот. Кон текстот е прикажан и линк кон целосниот текст на договорот на македонски јазик.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе