Ден на Европа

Време е за обединување, да се остават разликите и за почеток и за напредок во преговорите со ЕУ

Северна Македонија е добра вест на Балканот. Земјата донесе тешки одлуки и направи големи компромиси за да ги оствари своите стратешки цели, а тоа се членството во НАТО и ЕУ. Сега е време за обединување, а политичарите и политичките партии да ги остават настрана разликите, со цел да се интензивираат напорите прво да се почнат преговорите за членство во ЕУ, второ да се оди напред во преговорите. Ова беа клучните пораки што беа упатени по повод Денот на Европа 9 Мај на „ЕУ појадокот“, организиран од Секретаријатот за европски прашања, а на кој се обратија евроамасадорот Самуел Жбогар, новоизбраниот претседател Стево Пендаровски и вицепремиерот Бујар Османи.

Пендаровски во обраќањето пред ЕУ амбасадорите рече дека изборите што завршија не беа толку битни за неговата победа, туку дека беа чисти и демократски.

Тоа, како што рече Пендаровски, е само еден дел од она што земјава може да ѝ го понуди на Унијата пред претстојниот самит во јуни, кога очекуваме одлука за почеток на преговори.

„Мојата главна цел како претседател во наредните пет години, покрај членството во НАТО и ЕУ, е да бидам и обединувач на нацијата, која е толку многу поделена во минатото. И од првиот ден на моето стапување на функцијата ќе работам со опозицијата, со граѓанскиот сектор, со медиумите, со сите оние што ја споделуваат заедничката цел, а тоа е да бидеме полноправна членка на ЕУ и НАТО и да бидеме вистински Европејци“, рече Пендаровски.

Тој на амбасадорите им кажа дека земјава чека добри вести од престолнините на ЕУ во последните десет дена од месецов, како и од Брисел во јуни.

„Не се сомневам дека сите вие посветено ќе ја поддржите нашата цел, нашиот главен мотив после толку време во чекалната, а тоа е членството во Унијата“, им порача Пендаровски на амбасадорите.

Османи рече дека како дел од Процесот за стабилизација и асоцијација веќе 20 години, и земја кандидат веќе 15 години, имајќи ги предвид неколкуте препораки за почеток на преговори и можноста официјално да го почнеме овој процес во јуни годинава, Македонија строго го следи и ги усогласува политиките и правосудниот систем со оној на Унијата.

„Пред околу 21 месец, само малкумина веруваа дека оваа Влада може да го испорача она што делуваше невозможно речиси три децении. А тоа е да ги затвориме отворените прашања со Бугарија и со Грција, да го затвориме исклучително сензитивното прашање за Законот за јазиците, во исто време останувајќи фокусирани на реформите во клучните приоритетни области. Успехот им припаѓа на сите граѓани“, рече Османи.

Османи потсети дека претседателските избори беа чисти и демократски, дека земјава донесе тешки одлуки и оти ги исполни сите ветувања.

„Денес можам да кажам дека ги исполнивме сите наши ветувања. Донесовме тешки одлуки. Не беше лесно, а некои не беа задоволни од одлуките. Но тоа мораше така да биде за да не изгубиме уште една деценија и уште една генерација. Тие одлуки не донесоа до потпишување на протоколот за членство во НАТО, што е огромно историско достигнување. Членството во НАТО не е важно само за нашата земја, туку и за зајакнување на безбедноста и стабилноста на Југоисточна Европа“, оцени Османи.

Според него, по 28 независност, конечно е видливо исполнувањето на стратешките цели.

„Продолжување на реформите во клучните области, без изговори од наша страна, ова е наша животна шанса што не смееме да си дозволиме да ја пропуштиме. Со големи чекори се придвиживме кон Унијата и очекуваме и од Унијата да се приближи до нас со тоа што ќе отвори преговори во јуни годинава. Подготвени сме и тоа можеме да го направиме, се надеваме и дека Унијата тоа ќе го стори“, истакна Османи.

Евроамбасадорот Жбогар посочи дека по неколку изборни циклуси во последните неколку години што неизбежно ја поделија земјата, време е политичарите и политичките партии, да ги остават разликите на страна, било тие да се идеолошки, етнички или лични.

„Време е да се покаже единство за целта и да се интензивираат напорите, прво да се почнат преговорите, второ да се оди напред во преговорите. Ова го потврдија сите партламентарни партии, и тоа е нешто што го очекуваат од вас и граѓаните. Како и во минатото, и сега ЕУ ќе ве поддржува на тој пат“, порача Жбогар и изрази задоволство што се наоѓа во земја што е извор за стабилност во регионот и пошироко.

Македонија очекува дека од Советот на ЕУ во јуни ќе добие одлука за датум за почеток на преговори, откако претходно ќе биде објавен извештајот на Европската комисија. Владините претставници се согласни дека во ЕУ на сите им е јасно дека оваа година Македонија мора да ги почне претпристапните преговори, мора да има одлука, а кога таа одлука ќе се донесе зависи од сплет на околности, од една страна продолжувањето на спроведувањето на домашните реформи, од друга страна случувањата во самата Унија, во чии земји членки почна кампања за изборите за Европскиот парламент.

 

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе