Британската донација од системи за преноќување

Вреќи за спиење со заштита за комарци, мали шатори, подлоги... добија како донација војниците на АРМ

Амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј денеска на министерката за одбрана Радмила Шекеринска во скопската касарна „Ѓорче Петров" и ја предаде британската донација од системи за преноќување, наменети за припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група и за специјалните сили, во вредност од 230 илјади фунти, опрема добиена преку НАТО Агенцијата за јавни набавки.

Донацијата, наменета за единицата за НАТО операции каде влегуваат Лесната пешадиска баталјонска група и специјалните единици, се состои од околу 4.000 парчиња (3.963), два типа вреќи за спиење едни за три сезони, другите летни со мрежа за заштита од комарци, подлоги за вреќи за спиење, мали шатори – набљудувачници за снајперисти, тунелски шатори за специјалци, резервни потпорни шипки.

Според министерката Шекеринска, овој настан покажува дека кога имате план и го спроведувате и имате сојузници, можете целосно и брзо да ги реализирате сите чекори. Нагласи дека како Армија, како МО и како Влада направиле се секојдневно да се реформира, да се трасформира и да се опремува нашата армија, да одговара на потребите на нашите граѓани, на нивната безбедност, но и да личи на Армија на една НАТО земја членка.

„Токму поради тоа во изминатиот период нашиот фокус и во поглед на персоналот и во поглед на условите за работа и опремувањето, го ставивме на Лесната пешадиска батаљонска група во Штип и ова денеска ќе биде плус за нивното опремување“, изјави Шекеринска.

Таа потсети дека во изминатиот период освен што се обезбедени повисоки примања и нова структура на Армијата на РС Македонија, обезбедени се и дополнителни приходи за сите припадници на Лесната пешадиска батаљонска група во Штип. Од нив бараме подобри резултатие, истакна министерката Шекеринска, мора државата повеќе да им понуди.

Шекеринска најави дека за оваа група ќе бидат наменети и најсовермени околопни возила и наведе дека се обезбедни и целосна униформа, спортска опрема, ЏПС системи и дополнителна логорска опрема, како дел од опремата што припаѓа на ваква група.

Помоша од Обединетото Кралство во поглед на нашите армиски и одбранбени реформи, потенцира Шекеринска, е многу значајна и таа поддршка продолжи и со голема инвестиција во тренингот на нашите луѓе на различни нивоа.

„Сојузништвото носи резултати, особено за држави како РС Македонија. Да имаш сојузници како Обединетото Кралство навистина е аргумент плус, дополнителна сила, енергија и шанса да развиеме сили што ќе бидат вистински НАТО сили“, изјави министерката Шекеринска.

Taa информира дека претставници на воените структури на Обединетото Кралство го посетиле и армискиот полигон Криволак и ја споделиле нашата визија, како што рече,за поамбициозен план за овој полигон.

Шекеринска најави дека очекува во следните неколку недели да започне првата набавка преку НАТО Агенцијата.

Амбасадорката Галовеј истакна дека оваа опрема е меѓу најдобрите и ќе овозможи на пешадиските сили да дејствуваат во мисиите во НАТО во сите временски услови.

„Обединетото Кралство останува посветено во поддршката на Северна Македонија за способноста во НАТО и во моментот сили од Обединетото Кралство обезбедуваат совети за пешадиска обука на првиот од макеоднските батаљони даден на располагање на НАТО“, изјави амбасадорката Галовеј.

Вториот тим, најави таа, ќе пристигне во текот на годината за да обезбеди совети за тактичка обука и лидерство за пешадиската група.

Според неа, АП Криволак водечки светски капацитети за обука на лесни пешадиски, воздухопловни специјални сили, истовремено, потенцира, зачувувајќи го опкружувањето и разновидната природа во областа.

Галовеј информира дека се работи со МО за изработување на плановите за билатерална соработка за 2022 и 2023 година и врз основа на сегашнтие области на ангажирање, ќе се понудат дополнителна специјализирана пешадиска експертиза, курсеви во воената едукација во Обединетото Кралство и ќе се истражат можностите за понатамошно донирање опрема за градење капацитети, како што е и денешната донација.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе