Истражување

Вработените во администрацијата мислат дека судството е пристрасно, висока оценка само за СЈО

Вработените во администрацијата во Македонија имаат лоша слика за правосудството, сметаат дека е лоша борбата против корупцијата, состојбата со човековите права ја оценуваат како добра, а реформите се важни за пристапување на земјата во ЕУ, покажуваат резултатите од испитувањето на мислењето на административните службеници за состојбата во Поглавјето 23: правосудство, антикорупција и темелни човекови права. 

Истражувањето што го спроведоа Институтот за европска политика и Хелсиншкиот комитет, сугерира дека државните службеници не веруваат во еднаквост пред законите.

Во однос на правосудството, резултатите покажуваат дека 54% од испитаниците во државната администрација сметаат дека состојбата во правосудството во Македонија е лоша, додека само 11% ја оценуваат како добра. Само 7% од административните службеници сметаат дека граѓаните имаат доверба во правосудниот систем на државата, додека 62% сметаат дека граѓаните немаат доверба во правосудниот систем.

„За правосудството и за реформите во правосудството, ставовите се дека реформите во правосудството не се одвиваат на начин на кој што требаше да се одвиваат“, вели Уранија Пировска од Хелсиншки комитет.

Од Институтот за европска политика велат дека кај испитаниците во сондажата доминира чувството дека судовите работат пристрасно.

„Високо оцената е работата на СЈО. Меѓутоа најлошо и најниска оценка има советот на јавни обвинители, судскиот совет во именување и разрешување на судиите“, додава Ардита Имери Абази.

Што се однесува на борбата против корупцијата, 46 отсто од анектираните сметаат дека е лоша, додека околу 15% ја оценуваат како добра. Повеќе од две третини, односно 69% од вработените во државната администрација се согласуваат дека предложените препораки од ЕУ за спроведување реформи во областите на борбата против корупцијата се соодветни и применливи.

Генералната состојба со човековите права е оценета како добра или многу добра од 29% од страна на вработените во државната администрација, додека како лоша ја оценуваат проближно 30%.

Но, најголем дел од испитаниците 89%, сметаат дека реформите во правосудниот систем се важни за пристапување на Република Македонија во ЕУ. Околу 80% од вработените во државната администрација сметаат дека улогата на граѓанскиот сектор во реформите е важна. Приближно половина од испитаниците, односно 47% сметаат дека институциите имаат капацитет да ги спроведат реформите во областа на правосудството, борбата против корупцијата и основните човекови права. Дополнително само 4% од вработените во државната администрација сметаат дека институциите се целосно независни од политичките партии при спроведувањето на реформите. 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе