Вработените од 1ТВ на колективен одмор, вечерва беше можеби последниот Дневник

Вработените во телевизијата 1ТВ од денеска се на колективен одмор, а вечерва, како што објави телевизијата, се емитуваше можеби последниот Дневник.

Засега е неизвесно што ќе се случува понатаму со медиумот. Сметката на телевизијата е блокирана откако неформалниот сопственик Бојан Јовановски-Боки 13 беше уапсен како осомничен во случајот „Рекет” што го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. 

„Вечерва, 24.07.2019, можеби беше и последниот Дневник кој го гледавте на 1ТВ.

Најголемиот удар кој новинарството може да го доживее е згаснување на еден медиум. Згаснување на јавен простор, за што веруваме дека никому не оди во прилог, особено не на државата која е пред портите на НАТО и ЕУ, односно највисокото ниво на демократски вредности.

Денеска, исправени пред предизвикот на овие тешки две недели за телевизијата, соочени сме дури и во вакви услови да не отстапиме од објективно и професионално известување. Тимот на 1ТВ ги почитува сите новинарски стандарди и известува непристрасно. Гледачите беа сведоци дека 1ТВ ги изнесе сите информации во јавноста, дури и во услови кога иднината на телевизијата е загрозена. Сепак, случувањата поврзани со Бојан Јовановски, влијаат и на медиумот.

1ТВ беше мета на неосновани напади, шпекулации и лажни вести со цел да се дискредитира новинарскиот кадар. Лажните вести, можат да бидат интересни за одредени центри на ден-два, но останува поголемата слика. А тоа е дека 1ТВ во иднина може да биде медиум за остварување на професионалните планови на постоечките, но и идните генерации на новинари. Целиот новинарски кадар на 1ТВ е горд што покажа и докажа пред македонската јаност дека дури и на своја штета постојат луѓе кои ги бранат новинарските стандарди и новинарската професија. Начинот на кој телевизијата известува за случајот ‘Рекет’ е позитивен преседан во македонското новинарство”, објави телевизијата.

 

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе