Според неформален разговор на МЖСПП и УХМР

Воздухот го загадува прашина и пустински ветер

Среднодневните концентрации на ПМ 10 честичките за вчерашниот ден се благо надминати на речиси сите мерни места, освен на мерното место во Гевгелија, информира Министерството за животна средина и просторно планирање.

„При анализа на квалитетот на воздухот се зема предвид и временската прогноза која ја добиваме од УХРМ. Според последниот неформален разговор со УХМР во изминативе денови забележено е движење на топла воздушна маса која носи прекугранична прашина, се претпоставува дека станува збор за пустински ветер и истиот може да продолжи и во наредните денови“, информира МЖСПП.

Од Министерството велат дека забележано е надминување на среднодневната концентрација на ПМ 10 честичките и на мерното место во Лазарополе, каде во вообичаени услови нема надминувања.

Во врска со забележаната висока вредност на ПМ 10 суспендираните честички на мерното место Ректорат и Миладиновци, Министерството информира дека е резултат на прекин на напојување со електрична енергија при што настанува прекин во мерењата на сите параметри за квалитет на воздух вклучувајќи ги и мерењата на концентрацијата на ПМ 10 честичките.

„По доаѓањето на електричната енергија мерните инструменти се рестартираат, а појавените високи вредности на измерени концентрации на суспендираните ПМ честички се случуваат поради процесот на стабилизација на инструментот по неговото повторно ставање во функција и се невалидни“, се вели во соопштението.

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во тек е консултација со Државниот инспекторат за животна средина за проверка на евентуално други можни извори на загадување.

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе