Блиски на вработените загрижени за состојбата со коронавирусот

Возачите на „Вардар Експрес“ пренесувале лица до местата за карантин без да им биде обезбедена опрема и без обврска за самоизолација, тврдат роднини

Членови на семејство на возач вработен во „Вардар Експрес" се загрижени за нивните најблиски, но и за своето здравје, бидејќи како што тврдат, оние возачи кои се ангажирани за пренесување на лицата кои влегуваат во државава од надвор и ги транспортираат до центрите за изолација, тоа го правеле без да им биде обезбедена соодветна заштита од коронавирусот. Роднините чиј идентитет е познат на нашата редакција, тврдат дека возачите сами се снаоѓаат со маски и ракавици, но по транспортот на патници немаат никаква обврска да бидат во самоизолација или карантин.

„Агенцијата „Вардар Експрес“ која е ангажирана за пренесување на лицата кои влегуваат во државава од надвор и притоа ги транспортираат до центрите за изолација, дирекно ги изложува своите возачи на опасност од можна зараза од вирусот поради тоа што не им е обезбедена соодветна опрема за заштита, не се врши дезинфицирање на автобусите, не им е пружена соодветна насока за начинот на пренесување на патниците и не им е обезбеден карантин за самоизолација по завршувањето на транспортот при што тие се враќаат во своите домови и исто така дирекно претставуваат потенцијална закана за заразување на своите семејства од вирусот", тврдат роднини на возачи кои дополнуваат дека комплетно се прекршени мерките за коронавирусот. 

Нашата редакција неколку пати се обиде да стапи во контакт со оваа агенција, но на фиксниот телефон никој не ни одговори. 

На нивната официјална страница има објавено важно соопштение кое ви го пренесуваме во целост:

„Согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија заради превенција од ширење на корона вирусот (COVID-19), Ве известуваме дека Вардар Експрес во наредниот период до 24.03.2020 нема до го извршува превозот на редовната линија Скопје - Аеродром - Скопје. За сите дополнителни промени ќе бидете благовремено известени“, Вардар Експрес

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе