Вонредната состојба нема врска со полициски час и карантин и нема да го уништи ковид-19, вели Заев

На новинарско прашање по завршување на Советот за Безбедност, дали надлежните имаат намера да прогласат вонредна состојба за да се подобри состојбата со ковид-19, претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерот Филипче се децидни дека нема потреба од вонредна состојба бидејќи има функционална Влада која може да носи закони.

„Сосема небитно е од чија страна се прогласува вонредна состојба. Примарниот мотив за да прогласам вонредна состојба пред неколку месеци, беше за Владата да носи Уредби со законска сила. Сега имаме функционално Собрание и нема потреба од тоа. И денес да прогласиме вонредна состојба, нема да го уништиме ковид-19. Вонредната состојба и полицискиот час немаат врска едно со друго. Ако врши работа, еве уште денес да прогласиме вонредна состојба. Армијата може да биде логистичка поддршка секогаш кога треба и тоа е одлука што јас ја потпишувам. Ако треба и Армијата ќе ја ангажираме. За тоа не ни треба вонредна состојба", појасни Пендаровски.

Со случен став е и министерот за здравство, Филипче кој вели дека здравствениот систем од крајот на февруари и почетокот на март се во вонредна состојба.

„На почетокот беше став на сите земји дека рестрикција на вирусот целосно ќе го сузбие вирусот, но тоа не се случи. Мора да се живее со вирусот и рестрикцијата на движење нема да има ефект. Мерките се задолжително носење на маски и забрана за групирање, но да живееме нормално", додаде Филипче.

И премиерот Заев појасни дека вонредна состојба нема врска со полициски час и карантин.

„Вонредна состојба обично се носи кога треба брзи реакции и брзи одлуки. Мене ме плаши неотворената можност за онлајн работење на Парламентот. Досега од конституирањето на парламентот имаме повеќе од 10 отсто пратеници кои се заразени, во изолација или имаат близок член на семејството кој е позитивен", вели Заев.

 

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе