Државен пазарен инспекторат

Вонреден инспекциски надзор на Универзитетот во Тетово

Државниот просветен инспекторат (ДПИ) соопшти дека денеска е извршен вонреден инспекциски надзор на Универзитетот во Тетово, во врска со спроведените постапки за избор во наставно-научни звања на актуелни функционери, членови на Владата.

„Одземена е многубројна документација од надзорот и тие се предмет на утврдување на фактичката состојба. По добиените резултати од надзорот и утврдување на целосната фактичка ситуација, односно со фактичка ситуација окончување на постапката дополнително јавноста ќе биде информирана”, пишува во соопштението од Државниот просветен инспекторат.

Оттаму информираат дека наводите за нерегуларностите изнесени од страна на државниот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски не претставуваат официјален став на институцијата во која што тој работи. Наводите за нерегуларности, како што се наведува, се изнесени како негов личен став и негова самоиницијатива со нецелосно утврдена фактичка состојба за посочените предмети на високообразовната установа, како и во време кога тој користи годишен одмор, што претставува кршење на законската регулатива која ја регулира ова материја.

„Државниот просветен инспекторат се оградува од неговите лични ставови поради што е покрената постапка за целосно утврдување на фактичката состојба на високообразовната установа за и околу спроведените постапки за избор на наведените лица во наставно-научни звања, за што даден е налог (на 5 јуни 2019 год.) до Раководителот на сектор за инспекциски надзор да се спроведе вонреден инспекциски надзор на Универзитетот во Тетово”, се вели во соопштението од Државниот просветен инспекторат.

„Одземена е многубројна документација од надзорот и тие се предмет на утврдување на фактичката состојба. По добиените резултати од надзорот и утврдување на целосната фактичка ситуација, односно со фактичка ситуација окончување на постапката дополнително јавноста ќе биде информирана”, пишува во соопштението од Државниот просветен инспекторат.

Оттаму информираат дека наводите за нерегуларностите изнесени од страна на државниот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски не претставуваат официјален став на институцијата во која што тој работи. Наводите за нерегуларности, како што се наведува, се изнесени како негов личен став и негова самоиницијатива со нецелосно утврдена фактичка состојба за посочените предмети на високообразовната установа, како и во време кога тој користи годишен одмор, што претставува кршење на законската регулатива која го регулира ова материја.

„Државниот просветен инспекторат се оградува од неговите лични ставови поради што е покрената постапка за целосно утврдување на фактичката состојба на високообразовната установа за и околу спроведените постапки за избор на наведените лица во наставно-научни звања, за што даден е налог (на 5 јуни 2019 год.) до Раководителот на сектор за инспекциски надзор да се спроведе вонреден инспекциски надзор на Универзитетот во Тетово”, се вели во соопштението од Државниот просветен инспекторат.

Просветниот инспектор Ѓорги Илиевски, пријави дека Арбер Адеми, Агим Нухиу и Сафет Емрули незаконски се стекнале со наставно-научни звања на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово.

 
 

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе